Премиерот и обвинителот со различна дијагноза за дијареата

Од понеделник почнува акција против корумпирани обвинители и судии

323

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека следната недела започнува со акцијата против корумпирани обвинители и судии. Нагласи дека нема да функционираат како „естрада“, дека нема да се понижуваат поединци, како и дека нема да се ангажираат специјални полициски единици при спроведувањето на планот од понеделник.

– Мислам дека имате претстава дека не функционираме како естрада и сигурно дека нема јас сега да кажувам, како што се случуваше тоа во минатото, пред камери или пред медиуми и да носам специјални полициски единици, да понижувам луѓе, индивидуи. Очигледно дека прежестоки се нападите наеднаш на дијареја, грчеви во цревата, главоболка, температура, анксиозност кога ќе треба да се потпише последниот указ за да се спроведе правдата кај одделни обвинители, за жал – изјави Мицкоски.

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, пред седницата на Советот на јавни обвинители, беше прашан од новинарите како ги коментира критиките од премиерот Мицкоски, кој најави „робусна акција“ за справување со корумпираните обвинители и судии, дека секогаш кога треба да се имплементира правдата, некој добива дијареја, температура или анксиозност. Државниот обвинител рече дека ова се однесува на еден случај од пред дваесетина дена, кога, според тоа што го соопштиле тогаш обвинителите, се работело за вирус, односно за здравствен проблем. Рече дека предметниот обвинител имал вирус и не можел да дојде на закажаниот состанок, кој се одложил за три до пет дена, а потоа присуствувал и оттогаш до денес се одржале неколку состаноци со надлежните служби од полицијата за евентуална координација на одредени предмети. Тој не сакаше да каже за кој предмет станува збор, но рече дека се работи за предмет во надлежност на Основното јавно обвинителство – Скопје.

ИЗДВОЕНИ