Почина режисерот на „Исус од Назарет“ и „Ромео и Јулија“- Франко Зефирели

366

Познатиот италијански филмски и оперски режисер Франко Зефирели почина во саботата на 96-годишна возраст.

Зефирели во својата кариера режирал повеќе од 20 филмови, меѓу кои најпознати се „Исус од Назарет“ и „Ромео и Јулија“, за кој беше номиниран за Оскар за најдобра режија.

Тој работел со ѕвезди како Елизабет Тејлор, Ричард Бартон, Лоренс Оливие, Алек Гинис, Феј Данавеј и Џон Војт. Заедно со Федерико Фелини, Лукино Висконти и Виторио Де Сика, Зефирели важеше за еден од повоените италијански филмски гиганти.

„Франко Зефирели, еден од најзначајните личности во културата. Збогум маестро, Фиренца никогаш нема да те заборави“, објавил на Твитер градоначалникот на Фиренца, Дарио Нардела. Зефирели е роден во Фиренца во 1923 година, а почина во Рим.