Постојано кршам рекети, изгледа не ме следите доволно

82

Шампионот на завршниот турнир во Лондон, Германецот Александар Зверев, никако да оствари некои подобри резултати на грен слем турнирите. Доколку не се смета  четвртфиналето на Ролан Гарос минатата година, талентираниот тенисер не може да се пробие повеќе од третото или четвртото коло, а така ќе остане и по првиот грен слем сезоната, Австралија опен.

Тој во вториот сет на мечот против Канаѓанецот Милош Раониќ (6:1, 6:1, 7:6) беше опоменат од судијата поради кршење на рекетот, откако буквално го уништи удирајќи го осум пати од земја.

  • Тоа ме направи да се чувствувам подобро после гневот кој го исфрлив врз рекетот. Бев лут на себе, па сакав да го исфрлам тој гнев, призна Зверев.

По натпреварот во кој беше елиминиран,  доби прашање од новинар „Дали постојано кршиш рекети“, на кое бурно одговори:

  • Никогаш не ги гледате моите натпревари? Би требало да почнете.

Зверев беше очаен во текот на целиот меч. Имаше катастрофален процент во првиот сервис, голем број на изнудени грешки, мал број винери, што скапо го чинеше младиот тенисер.

Елиминација во 1/8 финалето претрпе и Хрватот Борна Чориќ, кој загуби од Лукас Пуј со 7:6, 4:6, 5:7, 6:7.

Кај дамите фаворитките ја оправдаа својата улога, па така, пласман понатаму обезбедија Серен Вилијамс, Каролина Плишкова, Наоми Осака и Елина Свитолина.