Два големи пожари дивееја попладнево низ Македонија и зафатија и шума.
Едниот се разгоре во Скопско меѓу селата Бучинци, Миладиновци и Групчино и е изгаснат, а другиот во велешко, над селото Отовица.
Полициски хеликоптер го локализираше вториот пожар со исфрлање на 36 тони вода.
„Пожарот во кој биле зафатени сува трева и борова шума беше локализиран, а хеликоптерот на Хеликоптерската единица за посебни намени при МВР дејствуваше во 12 налети при што беа исфрлени 36 тони вода“, велат од МВР.