По 80 години на речното дно: Потонат германски брод се појави на површината на Дунав/видео

632

Рекордни суши и нискиот водостој на Дунав ги открија остатоците од еден од потопените бродови на Црноморската флота на нацистичка Германија од 1944 година на границата меѓу Србија и Романија, пренесува Ал Џезира.

На дното на Дунав веќе 80 години стојат потонати германски бродови од Втората светска војна, а остатоците од еден од нив сега се гледаат на површината на водата.
За време на нискиот водостој на Дунав, потонати бродови го отежнуваат безбедното пловење по пловидбата од Црното Море до пристаништето Прахово, кое се наоѓа недалеку од Неготин.

Остатоците некогаш биле дел од Црноморската флота на нацистичка Германија.

Додека се повлекуваа од напредните советски сили во септември 1944 година, нацистите ги потопија.