Пендаровски го комплетираше својот кабинет

95

Новиот претседател на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, го комплетираше составот на својот кабинет. Според информациите од кабинетот на Пендаровски, Блерим Кољари ќе биде советник за национална безбедност, Александар Спасов како надворешен консултант ќе ја врши функцијата на советник за внатрешна и надворешна политика.

Шеф на кабинетот на претседателот Пендаровски ќе биде Миле Бошњаковски, кој на таа функција доаѓа од местото портпарол на влада, додека шеф на протокол ќе биде Билјана Мицевска. Советници во кабинетот се Тоше Зафиров, Љуљета Адеми и Гоце Карајанов.

Новинарката Катерина Цаневска ќе биде одговорна за односи со јавноста. Билјана Радева, пак е именувана за советничка за односи со јавноста.

Силен фокус во кабинетот има во сферата на надворешната политика, каде надворешни советници ќе бидат поранешните шефови на дипломатија, Александар Димитров и Денко Малески и поранешниот амбасадор во Австрија, Сашо Тавчиовски.

Надворешни советници за правни работи ќе бидат и професорката Беса Арифи и поранешата судијка во Судот за човекови права во Стразбур, Мирјана Лазаревска Трајковска.