Екипата на Пелистер доби ново засилување во пресрет на новата кошаркарска сезона. Станува збор за Донован Доналдсон кој доаѓа од редовите на скопски ТФТ.

Поранешниот кошаркар на Гостивар настапи за ТФТ на дуелот од Кошаркарската Лига на шампионите против Кемниц, како и во Суперкупот против МЗТ Скопје и беше еден од лидерите на тимот, па се очекува да ги предводи „битолчани“ кон остварување на високите абиции оваа сезона, а тоа е шампионската титула во домашното првенство.