Откриено со кој играч на Сити се расправал Гвардиола

903
epa10870491 Julian Alvarez (C) of Manchester City celebrates with teammates after scoring his second goal during the UEFA Champions League Group G match between Manchester City and Red Star Belgrade in Manchester, Britain, 19 September 2023. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, победи само на еден од последните 12 натпревари и поради тоа се зголемува притисокот врз Пеп Гвардиола да ја промени формата на тимот.

Откако Сити прокоцка три гола предност и ремизираше 3:3 со Феенорд во Лигата на шампионите минатиот месец, Шпанецот по натпреварот се појави со гребаници на лицето.

Трофејниот стручњак рече дека го изгребал носот со ноктот, пред да додаде: „Сакам да се повредувам“.

Гвардиола потоа се извини и рече дека неговиот одговор на никаков начин не бил наменет да го минимизира многу сериозното прашање на самоповредување.

Подоцна ќе потврди дека гребаницата на носот навистина била предизвикана од ноктот, но не објасни што ги предизвикало другите црвени траги на горниот дел од главата.

Така беше се додека не им кажа на новинарите дека има кожна болест која бара третман неколку години, а тоа се случи пред поразот во градското дерби против Јунајтед (1:2).

Новинарот Гилем Балагу, кој има блиски врски со Гвардиола, откри дека ноктот навистина предизвикал траги, но дека кавгата со десниот бек Кајл Вокер ја влошила ситуацијата.

“Тој си ја чеша главата, не ме прашувајте зошто. Тоа е гест на нервоза. Обично ништо не се случува. Но тој ден ноктот му беше премногу остар. Ако се сеќавате, тој го започна натпреварот покривајќи го носот. Тоа е затоа што ден претходно имаше расправија, фудбалска расправија, за позиционен фудбал и каде Вокер требаше да игра. Пеп само стана нервозен, го повреди носот и му ставија фластер во неговата канцеларија. На крајот од натпреварот влезе во соблекувалната и почна да си ја чеша главата. Тоа беше еден од тие денови. Покажа дека е напнат и нервозен. Се сомнева во себе, многу. Секогаш го прави тоа. И му треба поддршка”, изјави Балагу.

Манчестер Сити веќе со месеци е во невидена криза. Нов болен удар пристигна викендов со поразот од Астон Вила и сега на „граѓаните“ им претстои борба за место во Лигата на шампионите.

 

ИЗДВОЕНИ