Под најголемиот и најдлабок кратер на Месечината, научниците откриле огромна количина мистериозна маса од непознато потекло.

Според истражувањето на тимот од Универзитетот Бејлор во САД, под кратерот Ајткен на јужниот пол на Месечината, би можел да биде закопан метален материјал од астероид кој во далечно минато удрил во Земјиниот природен сателит.

„Замислете куп од метали, пет пати поголем од Хаваите, да закопате под земја. Откривме толку неочекувана маса”, рекол Питер Б. Џејмс, лидер на истражувањето.

Кратерот е со кружен облик, со ширина од околу 2.000 километри. Иако е огромен, сепак не може да се види од Земјата, бидејќи се наоѓа на подалечната страна на Месечината, која никогаш не е свртена кон нашата планета.

Мерењето на суптилните разлики во во гравитацијата за потребите на истражувањето биле направени со помош на инструментите на НАСА.

“Кога тие податоци ги кобиниравме со топографските податоци од леталото LRO, откривме неочекувано голема количина на маса на стотина милји под дното на кратерот на Јужниот пол на Месечината. Едно од можните објаснувања е дека таа дополнителна маса метал е од астероидот кој го обликувал тој кратер”, рекол Џејмс.

Според друга можна теорија, огромната маса би можела да се состои од висока концентрација на оксиди кои се поврзани со последната фаза на зацврстувањето на Месечевата океанска магма.