Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, се вклучи во трката по потписот на нигерискиот интернационалец од редовите на турскиот суперлигаш Галатасарај, Виктор Осимен. Искусниот напаѓач моментално настапува во Истанбул како позајмен фудбалер од редовите на калчолигашот Наполи, а најавениот трансфер ќе стане реалност само доколку официјалната понуда не биде помала од 75 мил. фунти.