ОН: Околу 2,7 милиони луѓе ја напуштиле Венецуела од 2015 година

64

Околу 2,7 милиони луѓе ја напуштиле Венецуела од 2015 година, соопшти денеска Организацијата на Обединетите нации, предупредувајќи дека масовното иселување ќе продолжи во услови на политичка и економска криза.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) и Агенцијата за миграција на Обединетите нации во заедничко соопштение објавија дека просечно 5.000 луѓе ја напуштаат Венецуела секој ден од 2018 година, истакнувајќи дека соседните земји, особено Колумбија, го презеле најголемиот дел од товарот.

– Овие бројки ја нагласуваат постојаната потреба за поддршка на меѓународната заедница во време кога светското внимание е насочено кон политичките случувања во Венецуела, изјави специјалниот претставник на УНХЦР за Венецуела, Едуардо Штајн.

Според ОН, во моментот 3,4 милиони Венецуелци живеат во странство, вклучувајќи ги и тие кои заминаа пред ескалацијата на кризата во земјата.

Се очекува вкупниот број жители на Венецуела, кои живеат во странство, до крајот на годината да достигне до 5,3 милиони лица.