Лондонскиот премиерлигаш Арсенал е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на стандардниот првотимец во дресот на холандскиот гигант Ајакс, Матијас де Лигт.
Централниот дефанзивец веќе го привлече вниманието на најдобрите европски клубови, но официјалната понуда за неговите услуги не смее да биде помала од 70 мил. евра.
Челниците на Арсенал прво ќе се обидат да се ослободат од услугите на германскиот интернационалец Месут Озил, а парите кои ќе бидат заработени од неговата продажба ќе бидат искористени за трансферот на Де Лигт.