Оддаден на неконвенционален живот: Јапонец патува низ земјата, бараќи од непознати луѓе да преноќи во нивниот дом/видео

46

Триесет и тригодишниот Јапонец, Шураф Ишида, наместо да плати за сместување, тој бара од непознати луѓе да преспие во нивната куќа.

Овој Јапонец привлече големо внимание со својот неконвенционален начин на живот.

Во текот на изминатите пет години, Ишида спиеше во над 500 различни домови низ Јапонија.

Сè започнало кога на 28-годишна возраст ја напуштил работата, продал се што поседувал, освен основните работи што може да ги собере во еден ранец и со заштедата тргнал на патување.

Наместо да троши пари за сместување, тој развил едноставна тактика: секој ден стои на прометни места, држејќи табла на која пишува „Ве молам дозволете ми да преспијам кај вас вечерва!“

Иако необичен, неговиот пристап е изненадувачки успешен, бидејќи речиси секогаш наоѓа некој кој е подготвен да го угости. Тоа се обично осамени луѓе кои уживаат во разговорот и друштвото.

Ишида признава дека најмногу го привлекуваат приказните на домаќините, кои ги опишува како читање нова книга секоја вечер.

Луѓето често му ги доверуваат своите тајни и зборуваат за животните проблеми, но тој не покажува емпатија и не им нуди утеха.

Наместо тоа, тој внимателно слуша и поставува директни прашања, за кои многу домаќини сметаат дека е искрена и освежувачка интеракција.

Над 90% од неговите домаќини се сингл, главно мажи, на кои неговото присуство обезбедува бегство од чувството на осаменост.

Неговиот пристап предизвика различни реакции. На социјалните мрежи многумина го критикуваат дека избегнува одговорност и ја користи љубезноста на другите наместо да работи.

Сепак, домаќините кои го примаат често го бранат, опишувајќи го како интересен соговорник кој им помага да се чувствуваат помалку осамени. Тие сметаат дека неговото присуство „вреди да се вложи труд“.

Ишида во младоста бил повлечен и срамежлив, но студентските години и патувањето во Тајван го промениле.

По дипломирањето, се вработил во корпорација со цел да заштеди пари за патување.

Сепак, на 28 години решил да ја напушти работата и да се посвети на патувањата.

Иако неговите заштеди се намалуваат, тој не планира да се врати на редовна работа. Неговата животна филозофија е едноставна – уживајте во моментот и доживувајте нешто ново секој ден.

„Забавно ми е. Слушањето на приказните на домаќините е содржината што ме исполнува“, вели Ишида и додава дека не чувствува обврска кон луѓето кои му обезбедуваат сместување.

Неговата неконвенционална авантура можеби изгледа контроверзна, но тој најде начин да ја комбинира својата љубов кон патувањето со истражување на човечки приказни, претворајќи ја секоја вечер во ново искуство.