Новиот дечко на Алесандра Амброзио „тежи“ милиони: Бразилската моделка во врска со син на мултимилионер

528
EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Бразилската моделка Алесандра Амброзио е фотографирана на Ибица со синот на мултимилионерот Мајкл Смурфит, Александар Смурфит. Тие уживаа во пливањето и изгледаа многу блиски.

Се чини дека Алесандра си најде нова љубов по раскинувањето со Ричард Ли минатата година. Покрај новото момче, Алесандра ја покажа и својата фигура во дводелен црвен костим за капење, а во добриот изглед и парира и љубениот.

Таткото на Александар, Сер Мајкл Смурфит се смета за водечка фигура во светската индустрија за пакување, чие богатство се проценува на 400 милиони долари.

Таа раскина со Ричард Ли пред помалку од една година

Во септември минатата година странските медиуми објавија за проблеми во врската меѓу Алесандра и Ричард, кои беа во врска од јануари 2021 година.

„Таа беше со пријателите и децата, а тој работеше, па тие се оддалечија и не излегуваа некое време. Отсекогаш ѝ се допаѓаше, па можеби ќе можат да ги решат работите, но тие се разделени веќе со месеци, па тешко дека тоа ќе се случи“, изјави тогаш извор за Daily Mail.

Последен пат беа фотографирани заедно во октомври 2023 година за време на прошетка во Њујорк, што предизвика коментари дека сепак се помириле. На крајот, се чини дека и покрај сѐ, не успеаа да ги решат проблемите. Пред него таа беше со бизнисменот Џејми Мазур, со кој има две деца.

Најпознатиот ангел на Викторија Сикрет

Алесандра ја започна својата манекенска кариера во тинејџерските години, но стана меѓународно позната откако беше ангажирана од брендови како што се Ралф Лорен, Кристијан Диор и Џорџо Армани. Таа често се појавуваше на насловните страници на Vogue, Harper’s Bazaar, GQ, Elle и Glamour.

Во 2004 година таа стана ангел на Викторија и беше заштитно лице на брендот до 2017 година.