Нова кривична пријава против Рамиз Мерко

Библиотекар го именувал за директор

46

Стушката полиција поднесе нова кривична пријава против градоначалникот Рамиз Мерко, за сторено дело „несовесно работење во службата“. Според пријавата Мерко во својство на градоначалник на општина Струга во два наврата донел решение со кое библиотекар го именувал за директор на основното училиште во село Подгорци. ,,Пријавениот Р.М., го направил тоа иако знаел дека А.О. нема соодветно образование и не исполнува повеќе услови од Законот за основно образование, немал најмалку пет години работно искуство во училиштето, не го положил испитот за директор во утврдениот законски рок, немал приправнички стаж и не поседувал соодветен сертификат за познавање на англиски јазик, стои во соопштението на МВР

Неправилностите ги утврдила контролата на Државниот просветен инспектор, направена по завршување на школската година при што била констатирана уште една злоупотреба дека градоначалникот после донесување на одлука на училишниот одбор, не објавил оглас за избор на директор со што, на библиотекарот противправно му овозможил да добие решение за в.д. директор и остварување парична корист кои му биле исплатени по основ на плата и придонеси. (П.А)

ИЗДВОЕНИ