„Невидливиот чувар“ од Долорес Редондо на македонски

240

„Невидливиот чувар“ е насловот на книгата од баскиската авторка Долорес Редондо која неодамна ја објави издавачката куќа Антолог во рамките на проектот „Биди свој, биди ЕУ!“.

Преводот од шпански јазик е на Виолета Јагев. Долорес Редондо е баскиска писателка што пишува на шпански јазик. Студирала право, но подоцна се запишала и дипломирала на гастрономија, по што работела во неколку ресторани, за на крајот да отвори и свој локал.

Во светот на литературата влегла пишувајќи кратки раскази и приказни за деца. Во 2013 година ја објавила книгата „Невидливиот чувар“, напнат и возбудлив психолошки трилер, со кој стартувала Бастанската трилогија, која е преведена на повеќе од 15 јазици и продадена во повеќе од 700 000 примероци.