Нова книга: “Арно ама“ од Калина Малеска за младите читатели

62

“Арно ама“ е насловот на книгата за деца од Калина Малеска која неодамна излезе од печат во издание на издавачката куќа “Или-или“, а како прва книга во едицијата насловена “И ете приказна“. За илустрациите се погрижија илустраторот Владимир Лукаш и дизајнерката Марија Смилевска.

Книгата “Арно ама“ е збирка раскази во кои протагонистите се две братчиња, Дамјан и Марко, и нивните другарчиња од населбата во која живеат. Делото третира прашања со кои денешните деца се соочуваат, како: убави, но и стресни доживувања во градинките и училиштата, насилници во маалото, изгубени играчки и книги, префрлување во ново училиште и нова средина при селење, изнаоѓање пријатели, комуникација со дечиња од други националности, негрижа на некои луѓе за животната средина, ривалство меѓу братчиња и сестрички, осаменост…, а сето тоа прикажано низ реалистично раскажување и повремено испреплетено со фантастични елементи, особено кога доминира детската имагинација.