Се очекува предупредување за цунами во делови од Пацификот по земјотресот од 7,4 степени што премалку го погододи регионот на одтровите Кермадек во Пацификот.
Министерството за цивилна заштита на Нов Зеланд издаде предупредување за плажите и му соопшти на локалното население да очекува невообичаено силни, опасни струи и непредвидливи напливи во бблизина на брегот, пренесе Дејли мејл.
Првичните информации се дека Нов Зеланд би можел да биде поштеден од цунамито, но дека граѓаните треба да бидат претпазливи.
Ако цунами бран го погоди Нов Зеланд тоа нема да се случи уште во следниот час.
Пацифичкиот центар за цунами на Хаваи издаде предупредување за деловите на Пацификот во непосредна близина на епицентарот на земјотресот.
Според првичните процени можно е загрозено да биде крајбрежјето во радиус од 300 километри.
За сега, нема предупредување за Австралија.