Најтрофејниот клуб во Германија, Баерн (М), е последниот кој се вклучи во трката по потписот на најдобриот фудбалер во дресот на шпанскиот прволигаш Нико Вилијамс. Крилниот напаѓач има договор со „црвено-белите“ до 2028 година, но во договорот има и ослободителна клаузула која се активира со понуда не помала од 48 мил. евра.