Немирна ноќ во Скопје – полицијата исклучила 33 пијани возачи од сообраќај

277

Полицијата открила 29 возачи кои возеле под дејство на алкохол, а четворица возачи одбиле проверка за присуство на алкохол.

– Овие 33 возачи се исклучени од сообраќај, времено им се одземени возачките дозволи и поднесени се мандатни платни налози. Откриени се и 85 останати прекршоци за кои се издадени 41 мандатни платни налози и 44 прекршочни платни налози, се вели во соопштението од МВР.

Исто така, биле санкционирани 125 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина. Откриени се и 58 останати прекршоци за кои се издадени 23 мандатни платни налози и 35 прекршочни платни налози.