Државниот пазарен инспекторат не регистрирал зголемување на цената на флашираната вода во големите маркети во Скопје во текот на вчерашниот ден, откако имало поплаки за минимално покачување.
Во големите маркети вчера од Државниот пазарен инспекторат не регистрирале зголемување на цената на флашираната вода, откако граѓаните на Скопје поитаа да си обезбедат доволни количества додека трае поправката на дефектот на главниот цевковод во главниот град.
Директорот на Инспекторатот, Влатко Стојковски, изјави дека инспекторите излегле да ги проверат поплаките за евентуално изигрување од трговците за минимално покачување, но не и за недоволни количини. Што се однесува до малите маркети, Инспекторатот може да прават контроли ако има пријави.
– Од тоа што увидовме, поголемите правни субјекти немаа промени на цените, кај помалите маалски маркети може да се оди по пријава. Да, ќе излеземе на терен и ќе го видиме тоа. Зголемување на цената на флашираната вода не е забележано од наша страна во текот на вчерашниот ден – изјави Стојкоски.
Како што дополни, за недостаток на флаширана вода генерално немало поплаки, а поплаките биле за минимално покачување во изминатите два дена.