Невидена креативност на Водњанска – дупки се затнуваат со канти за ѓубре/ФОТО

225

На среде улицата Водњанска, спроти Клиниката за Гинекологија, во централното скопско јадро подолго време стои дупка на асфалтот, која од ден на ден е се поголема. Возачите кои секојдневно поминуваат од тука, буквално ги кршат возилата, особено во вечерните часови, кога е намалена видливоста.

И додека на градските служи „ни под разно“ не им паѓа на памет да ја санираат, некој попладневно ја „санирал“ на свој начин. Во дупката ставил канта за ѓубре, па така сега дупката е обележана и може секој да ја види и од поголема оддалеченост.