Не ни е жешко само на нас луѓето и не само ние се разладуваме со сладолед.

Од Зоолошка градина – Скопје објавија фотографии на Фејсбук на кои се гледа дека слониците Дуња и Даела, кои се најголемата атракција, јадат сладолед.

– Пријателите на Дуња и Даела им подготвија вкусни сладоледи за освежување на високите скопски температури – напишаа на Фејсбук од Зоолошка.