Натпревар за млади музичари: Стефан Неделковски победник на „Охридски бисери“

128

Саксофонистот Стефан Неделковски е добитник на Гран-при наградата на 18. Интернационалeн музички натпревар за млади музичари „Охридски бисери” што се одржа во Охрид. Втората и третата награда им припадна на музичари на труба  – Стефан Георгиев и Јустас Дракшас. Беше доделена и Специјална награда од Фондацијата „Томислав Зографски“, Награда за најдобра изведба од македонски автор и Награда за најдобри македонски изведувачи. Навчерашниот концерт беа доделени 12 награди на младите музичари во три возрасни категории и седум дисциплини на дувачки инструменти. Исто така, интернационалното жири составено од врвни музички педагози ги избра добитниците на највисоките признанија на натпреварувањето. Градоначалникот Константин Георгиески на добитникот на Гран-при му врачи и посебна награда од Општина Охрид.

Традиционалниот музички натпревар што се одржуваше во изминатите денови е осмислен за да се откријат и стимулираат исклучително талентирани ученици и студенти, млади музичари, да се забележи нивото на напредок во музичкото образование и да им се овозможи да прераснат во професионални уметници.