Вселенското летало Војаџер 1, лансирано пред 47 години, повторно е во контакт со центарот за комуникација на Американската вселенска агенција но се уште не е надвор од опасност која му се заканува поради техничките проблеми кои, меѓу останатото, го предизвикаа повеќедневниот прекин во комуникацијата.
Војаџер 1 сега користи радио приемник на кој не се потпираше од 1981 година за да остане во контакт со својот тим на Земјата додека инженерите настојуваат да откријат што ги предизвикало техничките проблеми, пренесува Си-Ен-Ен.
Додека ова летало беше лансирано во септмеври 1977 година старрр, тим на НАСА последователно исклучува различни компоненти за да го зачува напојувањето со енергија и да овозможи Војаџер 1 и понатаму да испраќа единствени научни податоци од оддалеченост од 15 милијарди милји односно 24 милијарди километри од Земјата.
Сондата Војаџер ѝ е најоддалеченото вселенско летало кое функционира надвор од хелиосферата – магнетите полиња на Сонцето и неговите честички и моментално е далеку над орбитата на Плуто каде што неговите инструкети директно го предизвикуваат меѓуѕвездениот, космички простор, пренесува Танјуг.