На сцената на Домот на АРМ: Дваесет и петто  јубилејно издание на „Роса фест 2024“

101

Утревечер (вторник)  со почеток во 20:00 часот (и во одложена ТВ-снимка), на свечено украсената сцена на Домот на АРМ, започнува јубилејното 25. издание на омилениот македонски фолк-фестивал – „Роса фест 2024“. Од поодамна нема награди на фестивалот, сè заради подобра, поздрава и колегијална атмосфера. Само со пеење и без непотребна напнатост меѓу интерпретаторите, со што беше постигнато тоа.          И оваа година премиерно ќе бидат изведени нови македонски потенцијални хитови, а, меѓу другите, ќе бидат отпеани од популарните: Стојне Николова, Ленче и Горан Кукиќ, Благоја Грујовски, Нино Величковски, Анета Љумаковска, Мишко Крстевски, Дамјан Стојановски…

Единствените три награди се оние за животно дело, а нив рамноправно ги добиваат: Огнен Неделковски, Смиља Митревска и Мирче Кикиритков.                                          Водителка, како и секогаш, е незаменливата и легендарна Ирена Спировска (од телевизија „Алфа“). Традиционално, македонското фолк-радио „Роса“ го организира фестивалот. Им посакуваме успех, да траат уште долго и да ги имаат, веројатно, најслушаните песни на македонската фолк-сцена.     Д.М.

ИЗДВОЕНИ