На „Орце Николов“ го решаваме проблемот со паркирањето

543

На улицата „Орце Николов“ во тек е претпоследната фаза од реконструктивните зафати. Улицата ќе стане смарт-зона со смарт-паркинг и паметно осветлување. Во тек се активностите за спуштање на електричните кабли долж целата улица.

Во оваа фаза ќе се отстрануваат бандерите, ќе се поставува нова атмосферска мрежа во должина од еден километар и ќе биде поставен нов тампон и нов асфалт со должина од 8.345 квадратни метри, вклучувајќи ги и велосипедските патеки од двете страни на улицата.

Оваа, петта фаза, треба да заврши до крајот на месецот, а комплетната реконструкција на улицата „Орце Николов“ треба да биде готова до крајот на годинава.