Лондонскиот премиерлигаш Арсенал е во потрага по фудбалер кој може да биде достојна замена на тешко повредениот Букајо Сака. Британските медиуми ја пласираа и информацијата дека прва опција на раководните лица на популарните „топчии“ е резервниот напаѓач на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Коло Муаини и дека Арсенал ќе се обиде прво да го позајми до крајот на сезоната.