Му се врати на хокејот на 47 години

33

Чешкиот хокеар Јаромир Јагр (47) одлучи да му се врати на овој спорт и покрај тоа што претрпе тешка повреда на главата мината година. Тој се појави во тимот на Кладно, значително здебелен во однос на периодот кога растураше во НХЛ-лигата, но сепак му помогна да стигне до победа од 2-0 во чешкиот шампионат.

  • Не ми е лесни да тренирам и да играм, не сум подвижен како некогаш. Имам 118 килограми, но ќе помогнам колку што можам – изјави чешкиот ветеран.

Јаромир  Јагр е најдобар европски хокеар на сите времиња, втор најдобар играч во историјата на НХЛ по бројот на поени (вкупен збир на голови и асистенции). Во 1990 година тој на 18-годишна возраст стана најмлад играч во историјата на НХЛ-лигата, а во 2017 на 45-годишна возраст стана и највозрасниот што настапил во најсилната лига во светот.