Јанко Пенафорт со кавал и гајда!
Таа необична љубов се случила при неговиот туристички престој , штом ја слушнал песната „Море сокол пие вода на Вардарот“. Тогаш се „скршило“ нешто убаво во него, нешто што не може да се опише со зборови. Низ стомакот му поминале пеперутки. Гајдата, кавалот и тапанот се инструментите што му го наполниле срцето, сосе седумосминскиот ритам
Тој што вели или мисли дека не се слуша македонската песна ширум оваа планета, или живее во заблуда или самиот се лаже. Доказ за големата љубов кон македонската изворна народна песна е Колумбиецот Јанко Пенафорт.
–
Откако ја посетил Македонија, веднаш се сликал на Камениот мост во Скопје и апсолутно се вљубил, пред сè, во македонската музика, во старите народни македонски песни. Таа необична љубов се случила при неговиот туристички престој, штом ја слушнал песната „Море сокол пие вода на Вардарот“. Тогаш се „скршило“ нешто убаво во него, нешто што не може да се опише со зборови. Низ стомакот му поминале пеперутки. Гајдата, кавалот и тапанот се инструментите што му го наполниле срцето, сосе седумосминскиот ритам. Тој толку бил фасциниран од песната што за кратко време го научил македонскиот јазик, а од другите изворни македонски песни, и „Јовано, Јованко“, „Биљана платно белеше на Охридските Извори“…
Јанко е комуникативен, дружељубив и добро расположен, професионален музичар од Богота. На социјалните мрежи постојано споделува фотографии од Македонија, вклучувајќи ја и македонската етномузика. Откако е навлезен во речиси сите пори и финеси на македонската песна, сега има и свој мал бенд, кој ги интерпретира нашите песни и со кој настапува ширум светот, промовирајќи ја македонската песна, а со тоа и самата Македонија. Благодарение на Пенафорт, македонската изворна народна песна често е слушана и во неговата родна Колумбија. Многу негови сонародници се прашуваат како не знаеле досега дека постои на оваа планета Земја такво волшепство од музиката.
–
За нив, извонреден спој на јужнословенското срце со векови поробено од влијанијата на Отоманската Империја. Љубовта кон македонската песна Јанко ја докажува и во ова, современо време на компјутеризација, отворајќи ја ФБ-страницата „Колумбиец пее на македонски“. Д.М. фото:ФБ