Морбидно: Деветнаесет години го криела телото на сестра си во ладилник

47

Хрватската полиција пронајде тело на жена во ладилник, во куќа во местото Меѓумурје. Како што пренесуваат хрватските медиуми, најверојатно се работи за Јасмина Доминиќ, студентка која исчезнала во 2000 година. Нејзиното тело е најдено во подрумот во нејзината семејна куќа, каде што живее сестра и со сопругот и трите деца.

Не е јасно како Јасмина исчезнала, ниту кој ја убил. А полицијата до сега повеќепати ја пребарувала куќата и не го забележала телото, кое било завиткано во целофан.

До шокантното откритие дошло откако во саботата на улицата снемало струја, па почнала да се шири ужасна смрдеа, по што жителите повикале брза помош и полиција. Истражителите го пронашле женското тело во ладилникот во ходникот од куќата.

Нејзината сестра е уапсена и притворена под сомнение дека го извршила ужасното убиство. Се чекаат резултатите од обдукцијата на телото, која може да потрае поради состојбата во која се наоѓа телото.