Морам да бидам подготвен за секое прашање од моите играчи

45

Најтрофејниот тренер во Евролигата, Жељко Обрадовиќ, кој во својата кариера освои девет титули во најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување, говореше за својот мандат во редовите на турски Фенербахче, односнот со играчите и кошарката.

Стпскиот стручњак викендов го предводеше тимот на Фенер до нов трофеј во Купот на Турција, кога во финалето славеа над Анадолу Ефес и дојдоа до шестиот трофеј во ова натпреварување, а притоа имаат и 19 победи во Евролигата.

  • Мојот живот е кошарката. Тоа многу лесно може да се препознае, а кога почнував не ни знаев дека ќе бидам професионален играч или тренер. Но знаете, животот ме донесе на ова место каде што сум денеска и сметам дека секој ден е нова шанса, шанса за победа, да учиме и да разбираме дека сме се подобри и подобри. Секогаш се обидувам да разговарам со себе и сум подготвен на секое прашање кое играчот сака да ми го постави. Ако немам вистински одговор, тоа ќе биде лошо за мене и мојот тим. Сакам да разговарам со нив и секогаш сум подготвен да слушнам што имаат да ми кажат. Ова е тактика, вака ќе играме, ако некој има добра сугестија ќе ја прифатам, но на крајот јас одлучувам. Сакам да дискутираме и играчите да се чувствуваат пријатно, бидејќи за мене тие се најдобрите на светот и така ги третирам. Од друга страна, јас никогаш не сум задоволем и секогаш велам дека може подобро, истакна Обрадовиќ.