Непоразената светска шампионка Клареса Шилдс, верува дека нејзиниот бокс е доволно добар за да го победи Јутуберот Џејк Пол, кој со години организира борби кои многумина ги сметаат за смешни и наместени. Во рингот влезе со кошаркари, ММА борци, а на крајот и со 58-годишната боксерска легенда Мајк Тајсон.
Во сите борби, освен во онаа против Томи Фјури, Џејк Пол излезе како победник, а сега доби необичен предизвик од големата шампионка Клареса Шилдс.
“Не верувам дека Џејк Пол има доволно вештина да влезе во рингот со мене. Исто така, секој боксер во категоријата до 70 килограми. Нема да лажам, мислам дека би можела да ги победам сите”, кажа Шилдс.
Шилдс и претходно зборуваше на оваа тема. Таа го предизвика поранешниот шампион во полусредна категорија Кит Турман и тврди дека ќе го победи.
“Турман не е голем боксер. Дали е силен? Да, но што друго? Јас сум жена, но јас сум поголема и повисока од него и имам подобри вештини. Како би ги избегнал моите удари?”
“Турман не може да удри ниту еден удар по телото. Зборувате со боксерска енциклопедија, јас знам се”, рекла Клареса Шилдс.
Девојката која себеси се нарекува „најдобрата жена на сите времиња“ се испробала и во мешани боречки вештини. Сепак, таму не е се така лесно како во рингот.
Шилдс (29) во кариерата лесно ги доби сите противнички во рингот. Таа има 15-0 и моментално е светски шампион во тешка категорија. Таа, исто така, претходно се натпреваруваше во средно тешка категорија и се смета за една од најголемите боксери на сите времиња.