Митко Јанчев ја претстави изборната програма како кандидат за градоначалник

68

Бесплатен здрав оброк за сите околу 1.800 ученици до петто одделение во општината, модерен трговски центар како приватна инвестиција, зоолошка градина, затворен базен, заобиколница, се дел од проектите кои попладнево на прес-конференција ги најави Митко Јанчев, кандидат за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Развојна, иновативна, квалитетна и остварлива, ја нарече тој програмата со 180 проекти.

Јанчев се осврна и на дел од реализираните проекти во првиот мандат.