Мислев дека животот ми завршува

91

Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро мина низ лоши моменти во изминатите неколку месеци. Човекот кој имаше фантастична 2018 година се повреди во октомври и не можеше да игра тенис четири месеци.

Аргентинецот во интервју откри дека размислувал на најлошото и дека верувал на секој збор на лекарите, што му направило голем проблем.

– Размислував на ужасни нешта. Мислев дека животот ми завршува. Го повредив коленото на начин на кој не сакав. Во тешките денови верував на зборовите на лекарите. По четири месеци е време, конечно можам да играм на турнир. Многу е тешко да се подготвиш за еден голем настан. Но, јас и претходно сум се соочувал со слични нешта. Знам како да се справам со тешките моменти, изјави Дел Потро.

Четврторангираниот тенисер на АТП-листата го очекува настап на турнирот во Дерлеј Бич, каде што стана шампион во 2011 година.