Мик Џегер: Добро сум по операцијата на срцето, продолжуваме со турнејата

255

Иконата на рокенролот и фронтмен на легендарните Ролинг стоунс, Мик Џегер потврди во своето прво интервју дека се чувствува добро откако беше подложен на операција на срце. Тој во април беше на операција за замена на срцевиот залисток, поради што ги откажаа концертите во рамките на турнејата во Северна Америка.

Бидејќи концертите повторно се закажани, Џегер вели дека пробите се во тек.

“Се чувствувам многу добро. Доста вежбавме во изминатите неколку недели … Утринава бев во теретана, а потоа имавме проба сите заедно”, рече тој.

Мик Џегер објави и видеоклип по операцијата на срцето на која игра како младо момче.