Кошаркарите на МЗТ Скопје поведоа со 1-0 во полуфиналната серија од плејофот во Првата македонска лига, откако ја оправда фаворитската улога против тимот на Гостивар, совладувајќи го со 87:68.

Гостиварци успеаја да му парираат на МЗТ Скопје само едно полувреме, за потоа во вториот дел да дојде до голем пад во нивната игра, по што убедливиот пораз беше неизбежен.

Најефикасни во победничкиот тим беа центрите, Предраг Самарџиски постигна 16, а Љубомир Младеновски 12 поени, додека од останатите по десет запишаа Џејмс Вудард и Лестер Медфорд. На спротивната страна најефикасни беа Тенксли Ефианаи со 15 и Диме Тасовски со 11 поени.

Претходно, победа забележ и актуелниот шампион Работнички, откако исто така на домашен терен славеше против тимот на Блокотехна со 87:79.

Фото: МЗТ Скопје