Рускиот тенисер Данил Медведев, загуби две финалиња на Австралија опен во кои водеше со 2:0 во сетови – прво од Надал во 2022 година, а потоа од Синер оваа година. Неговиот тренер Жил Сервара не ги криеше емоциите за тие два неуспеси.
“Кога беше поразен од Рафаел Надал во 2022 година, сакаше да скокне од 60. кат. Слично беше и оваа година кога загуби на ист начин од Јаник Синер. изјави Сервара за „Чемпионшип“.
Сервара ја спореди ситуацијата на Данил на Австралија Опен со крајот на Тур де Франс.
“Данил беше како лидер на трката на километар пред крајот, но почна да губи сила на последниот рид. Даде се од себе, но силите го напуштаа. Така беше и оваа година на Австралија Опен. Тој се мачеше во текот на целиот турнир, успеа да се извлече, освен во финалето“.
Иако во текот на нивната работа често се соочува со емотивни испади од Русинот, Сервара не планира да ја прекине соработката.
“Како што сум кажал многу пати, имаме одлична врска. Иако е тешка личност, тој е и многу едноставен. Многу поедноставен од повеќето луѓе. Знам дека секоја врска има свој крај, но ние се почитуваме. Ние навистина сакаме да бидеме на врвот и ќе продолжиме да го правиме тоа“.
Медведев нема освоено титула од минатиот мај, но неговиот тренер верува дека претстојат подобри денови.
“Во 2024 година, Синер и Алкараз беа подобри од него. Тоа му даде енергија во подготовките. Свесен е дека сега мора да се подобри. Ми рече дека ако сака повторно да освои грен слем, мора да промени нешто. мора да биде различен за да тренира, да размислува поинаку“, истакна тој.
Ривалството со Јанико Синер дополнително ги истакнува актуелните предизвици. Медведев ги доби првите шест меѓусебни дуели, но сега Италијанецот води со 8:7.
„Се сеќавам на нивниот меч од Торино 2021 година. Данил едвај победи во три сета. Гледав и размислував, ударите на Синер се како ласер. Тогаш немаше добар сервис и правеше многу повеќе грешки. Сега е како ѕид, нема грешка, се разбира, сите го бараат тоа“, нагласи Сервара.