Мбапе сакаше во Реал (М), но ПСЖ го принуди да остане

102

Изјавата на Килијан Мбапе, дека сака поголема одговорност, без разлика дали во дресот на ПСЖ или во дресот на некој друг клуб, дигна голема прашина. Старо-новиот шампион на Франција се обиде да ја смири ситуацијата со помош на официјално соопштение, но повторно се актуелни приказните околу неговото заминување од „Паркот на принцовите“.

Во приказната се вклучи и актуелниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Унаи Емери, кој беше предводник на „светците“ во моментите кога Реал (М) се обидуваше да ги осигура услугите на Мбапе, а младиот фудбалер сакаше да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“.

  • Во еден момент, сите му вршевме голем притисок. Разговарав со него и со неговиот татко. Го убедував да остане во редовите на ПСЖ. Доби шанса да потпише за Барселона, но сакаше само во Реал (М). Сите заедно го убедивме во иднината и фантастичната перспектива на ПСЖ, го убедивме да остане во Париз. Моравме да го платиме тоа, но немавме друга опција, изјави Емери за шпанското радио Кадена Сер.

Мбапе има само 20 години, но веќе ја освои светската титула со репрезентацијата на Франција, а кога е во прашање изминатата сезона, на 42 одиграни натпревари постигна 38 погодоци и запиша 17 асистенции.

Брзоногиот напаѓач има договор со ПСЖ до 2023 година, а неговата вредност се проценува на 250 милиони евра. Доколку за таа сума го напушти „Паркот на принцовите“, Мбапе ќе го реализира најскапиот трансфер во фудбалската историја, кој моментално е во сопственост на Неимар кој беше купен од Барселона за 222 мил. евра.

Француските медиуми се убедени дека тоа што не му успеало на Мбапе пред неколку години ќе му успее за време на летниот преоден рок, кога ќе ја реализира најголемата желба, да го облече дресот на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М).