Мбапе призна дека го допрел дното

184
epa11618227 Real Madrid's Kylian Mbappe blows air during the Spanish LaLiga soccer match between Real Madrid and RCD Espanyol, in Madrid, Spain, 21 September 2024. EPA-EFE/KIKO HUESCA

Формата на францускиот интернационалец, Килијан Мбапе, полека се подига. Брзоногиот напаѓач во неделата го одигра можеби најдобриот натпревар оваа сезона и беше прогласен за најдобар играч на дуелот против Севија на кој постигна гол и запиша асистенција.

Мбапе е задоволен од тоа како моментално игра „кралскиот клуб“, односно се движи кон она кон што цели Французинот.

„Денеска во првото полувреме дадовме се од себе. Дадовме голови во вистински момент. Секогаш играме напаѓачки, а денеска бевме ефикасни и верувам дека навивачите на Реал (М) задоволни“.

Така не беше претходните месеци затоа што Мбапе играше многу скромно, но напаѓачот е свесен дека тоа не било неговото вистинско лице.

„Го допрев дното на натпреварот во Билбао. Тогаш сфатив дека морам да дадам се од себе. Знам дека можам многу повеќе. Имам „нозе“ за тоа“, е јасна пораката на Мбапе.

Килијан на 24 одиграни натпревари постигна 14 гола и запиша четири асистенции. Се чини дека тој е се подобар и сигурно неговото враќање во форма ќе биде најголемото засилување за Реал (М).

„Кралевите“ нема да донесат нови играчи во јануари, а Флорентино Перез му порача на Карло Анчелоти дека се снаоѓа со тоа што го има до крајот на сезоната.

Актуелната сезона има многу допирни точки со минатата. И тогаш „кралскиот клуб“ имаше огромни проблеми со повреди на играчите, но на крајот освои три трофеи.

Неодамна мадриѓаните станаа светски клупски шампиони, летово го освоија Суперкупот на Европа, а ќе видиме каков ќе биде нивниот ефект до крајот на сезоната во Лигата на шампионите и Ла Лига.

Тие излегоа од почетната криза, но ќе треба многу среќа и работа за да се искачат назад на тронот.

 

ИЗДВОЕНИ