Манекенката Оливија Кулпо најсекси жена на светот

375

Манекенката Оливија Кулпо според списанието „Максим“ е најсексапилна жена на светот за 2019-та. Таа е на самиот врв на листата „Хот 100“ на бројот за јули-август.

Секогаш на „Максим Хот 100“ сум гледала со восхит. Има толку интелигентни и успешни жени кои ме инспирираа во мојата кариера, на безброј начини, што само ја чини оваа насловна страница уште позначајна. Сè уште не ми се верува, напиша Оливија на Инстаграм, каде што има  4,1 милион следбеници.

Овој модел се обидува и во областа на глумата.

Сепак, нејзините родители не секогаш ја поддржувале нејзината определба да се занимава со манекенство. Кога ја освоила првата титула „Мис Роуд Ајленд“, татко ѝ не дошол да ѝ честита… “со изговор дека слуша бејзбол натпревар“, призна тогаш манекенката.