Успеси на самиот старт со “Ако одиш“ !
За многу девојки и жени кои се неговата армија на обожавателки, сексипилниот македонски пејач Ѓоко Јовиќ има нова песна, за која истите тие велат дека им е веќе присрасната за срце. Пред оваа песна Јовиќ ги промовираше и песните „Магија“, „Незаборавна“ која што е во ултра модерен ритам, како и народната „За четири наши дечиња“ . Оваа сега чеврта по ред е со музика и аранжман на Лазар Цветковски и текст на Магдалена Ена Цветковска. Новата љубовна и емотивна балада насловена е како „Ако одиш“.
За среќа Ѓоко или Ѓоле никаде не оди. Тој тука останува и со оваа моќна песна ќе им ги направи најубави моментите на обожавателките, неговите огнени фанови. Песната има и свој видеоспот кој е снимен на повеќе атрактивни локации. Тоа е во продукција на “М-16“ а, снимано е при турнејата на Ѓоко Јовиќ и “Енерџи-бенд“ во далечна Австралија, каде што Јовиќ исто така има многу обожавателки.
–
-За кусо време по објавувањето на спотот на Јутјуб-каналот добив бројни пораки и честитки. Драго ми е што уште на стартот публиката може да ја почувствува енергијата и целата емоција која ја носи оваа новата песна. Веднаш се чувствува дека пеам од срце и мислам дека многумина ќе се пронајдат во неа.
Оставам простор да стигне до секого, но еве ќе скромно да најавам да очекувате многу музика од мене сега пред Нова година и Божиќ. И ако имам бројни настапи и турнеи, мојата публика секогаш заслужува да снимам нови песни. Бескрајно сум среќен и задоволен од работата со која сум исполнет, како и со тоа што преку песните им го разубавувам секојдневието на луѓето, вели секогаш модерно облечен пејачот Ѓоко Јовиќ, а кој преку лето не ја пропушта можноста обожаветлките да ги изненади и да биде соблечен на фотографиите. Се е во интерес на шоу-бизнисот и доброто расположение! Д.М. фото:ФБ