Македонија со 887 смртни случаи на еден милион жители се искачи на 7-мото место по смртност од коронавирус во светот.
После Македонија, од регионот на 10 место се наоѓа и Босна и Херцеговина со 859 починати, додека пак Црна Гора е на 14-то место со 822.
Инаку, министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3399 тестирања, а регистрирани се 1342 нови случаи на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 65.231, бројката на оздравени пациенти е 41.656, на починати е 1.847, а бројот на активни случаи изнесува 21.728.