Лоренцо утре ќе биде опериран

46

Шпанскиот Мото ГП возач, Хорхе Лоренцо, повторно ќе паузира поради повреда. Од неговиот тим – Репсол Хонда објавија дека Лоренцо се здобил со скршеница на раката поради која утре ќе биде опериран.

Повеќекратниот шампион во Мото ГП шампионатот во изминатиот период имаше проблеми со зглобовите на рацете и нозете, но откако се рехабилитираше, повторно дојде до повреда. Тоа значи дека нема да го гледаме на претстојните тестирања во Мадрид на 23 јануари, а од тимот соопштија дека по операцијата ќе дадат повеќе информации за неговото враќање на патеката.

По две сезони во тимот на Дукати, Шпанецот одлучи да премине во редовите на Хонда, од каде ќе ја нападне шампионската титула, која ја брани неговиот клупски колега, Марк Маркез.