Легендарен американски тренер усмрти човек

73

Американскиот кошаркарски тренер кој го предводи колеџ тимот на Сиракјуз, Џим Бенхајм, усмрти едно лице при судар со својот автомобил.

Како што пренесе „Syracuse.com“, Бенхајм околу полноќ го управувал својот автомобил, кога налетал на триесетгодишен маж кој поради силата на ударот излетал од автомобил по страотната сообраќајка.

Алкотестот на Џим бил негативен, а бил и испрашан од страна на полицијата, па потоа и пуштен на слобода.

Тимот Сиракјуз, неколку часа пред несреќата која ја имал славниот тренер, ја победил елипата на Лујвил. Американскиот тренер уште од 1969 година е во овој тим. Прво бил помошник тренер, а по седум години ја превземал и функцијата на главен предводник.

Пет пати учествувал на Фајнал – фор турнирот во НЦАА (колеџ) лигата, додека во 2003 година ја предводеше екипата на чело со Кармело Ентони до престижната шампионска титула. Во 2010 година освои неколку награди за најдобар тренер на сезоната, а од 2005 е член и во Куќата на славните.