КУТ: „Ливерпул е сра*е, а Клоп е пи*ка!“

93
epa10223888 Head coach Juergen Klopp of Liverpool FC after the UEFA Champions League group A soccer match between Liverpool FC and Rangers FC in Liverpool, Britain, 04 October 2022. EPA-EFE/Peter Powell

Вистински скандал ја тресе и тоа со недели Англија, а во центарот на вниманието е премиерлигашкиот судија Дејвид Кут.

Имено, социјалните мрежи одеднаш беа преплавени со видеа на кои јасно се гледа како судијата Дејвид Кут кажува страшни работи за Ливерпул и поранешниот менаџер на клубот Јурген Клоп.

На видеото се гледа како судијата Кут седи додека некој го снима, а на видеото се гледа како тој зборува за Клоп дека е арогантен и дека на секаков начин се обидувал да избегне разговор со него.

На почетокот јасно може да се слушне и да се види како Кут вели дека на тој натпревар за кој што збори Ливерпул бил „ср*ње“, а Јирген Клоп „пи*ка“.

Зошто Кут го кажа сето ова пред камерите никому не му е јасно, но судијата апсолутно во ниту еден момент не се покаја за тоа што го кажа.

„Клоп е пи*ка, вистинска пи*ка. Освен што имаше некаков пик на мене на натпреварот против Барнли за време на пандемијата на коронавирус, тој ме обвини дека лажам и постојано ме напаѓаше. Се обидов да не зборувам со него. Боже мој. Тоа е вистински германски пи**а“, изјави судијата Кут.

Иако многумина ќе кажат дека судијата Кут се шегувал и дека се кажал на шала, ова ќе биде голем проблем за него, а вистински скандал за Англичаните.

Неколку часа подоцна, Фудбалската Асоцијација на Англија потврди дека судијата Кут е суспендиран и дека е започната истрага против него.

Кут го судеше неодамнешниот натпревар помеѓу Ливерпул и Астон Вила, но сигурно е дека во блиска иднина нема да ги суди натпреварите на клубот од „Енфилд“.

Прашање е каква ќе биде казната за него по ова видео, но јасно е дека скандалот што го направи ќе има последици.

ИЗДВОЕНИ