
Првиот голман на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М), Тибо Куртоа, е најновата желба на амбициозните сопственици на богатиот клуб од Саудиска Арабија, Ал-Ахли. Шпанските медиуми открија дека агентот на белгискиот интернационалец веќе имал неколку состаноци со заинтересираниот клуб кој на Куртоа му нуди дупло поголема плата од таа која ја заработува во Мадрид.