Културата ќе се крои по нови критериуми, а ќе се финансира по европски терк: Договорот падна, ќе запрат ли скандалите?

98

“Сметаме дека со постапката за измени и дополнувања треба да се започне веднаш и дека треба да учествуваме и ние уметниците, за следната година да не ни се случат исти проблеми и главоболки. Треба да се слушне нашиот глас и нашето искуство. Сите ние соработуваме со уметниците од другите земји во Европа и светот и знаеме кои се критериумите и начини за финансирање. Во Европа постојат и посебни тела и совети за уметност, се склучуваат повеќегодишни договори за финансирање…. Исто така во Европа постојат и начини како се мери квалитетот, дали според успесите, инпакт во општеството, традицијата… Се тоа треба да се земе предвид”, посочува Рисима Рисимкин, директор на Танц фест и и еден од учесниците во иницијативата

Нови критериуми за учество на конкурсите, измени во категоризација по дејности во културата, а потоа и усогласување со европските и светските модели за финансирање на културните активности, е договор кој произлезе од завчерашната средба меѓу претставниците на иницијативата “Културата е насловна страница на секое општество” и министерот з акултура Асаф Адеми. Со измените и дополнувања на постојниот закон за култура, пак, би се започнало веднаш и тоа јавно и транспарентно , при што во работната група ќе се вклучи и член од иницијатаивата , која преку неодамнешната прес -конференција реагираше на резултатите од Годишната програма за 2019.

“Сметаме дека со постапката за измени и дополнувања треба да се започне веднаш и дека треба да учествуваме и ние уметниците, за следната година да не ни се случат исти проблеми и главоболки. Треба да се слушне нашиот глас и нашето искуство. Сите ние соработуваме со уметниците од другите земји во Европа и светот и знаеме кои се критериумите и начини за финансирање. Во Европа постојат и посебни тела и совети за уметност, се склучуваат повеќегодишни договори за финансирање…. Исто така во Европа постојат и начини како се мери квалитетот, дали според успесите, инпакт во општеството, традицијата… Се тоа треба да се земе предвид”, посочува Рисима Рисимкин, директор на Танц фест и и еден од учесниците во иницијативата.

Како што посочуваат од Министерството, за измените нема да се чека на донесување на новиот закон за остварување на јавниот интерес во културата. Оттаму додаваат дека министерот Адеми во целост се согласува со укажувањата на културната јавност за недостатоци во начинот на финансирање и оценување на

Годишните конкурси, и ја поддржува иницијативата за интервенција во постоечкиот закон, во меѓупериодот до донесување на новиот закон во културата.

Од Иницијативата посоч уваат дека ќе се организираат и јавни дебати на кои ќе учествува и министерот за култура, а на кои ќе се разговара и ќе се утврди модел за распределбата на буџетот во културата, по дејности. На дебатите ќе се разгледуваат
и ќе се востановат критериуми за учество и оценување по годишните конкурси за проекти од национален интерес во културата, а ќе се разговара и за зголемување на буџетот за поддршка на уметничките програми.

Во меѓувреме од Министерството велат, дека комисиите по дејности ги испитуваат одбиените пријави и им се дава можност во соодветен рок да достават дополнителни појаснувања и документација.

Инаку, во иницијативата “Културата е насловна страница на секое општество”се вклучени претставници на повеќе културни организации од Македонија.

“Очекуваме да реализираме средби и со премиерот, советникот за култура на премиерот и националниот координатор за развој на културата и меѓуресорска соработка”, додаваат од Иницијативата. (Д.Т.)