Кремљ вчера ги демантира наводите на турските медиуми дека сопругата на соборениот сириски претседател Башар ал Асад, Асма, побарала развод и планира да замине од Русија.
Таа има британско државјанство и наводно сакала да замине во Велика Британија за да се лекува од леукемија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков исто така негираше оти на Асаф не му е дозволено да ја напушти Москва и оти му е замрзнат имотот.
-Не, тоа не одговара на вистината, истакна Песков.
На Асад и семејството им е даден азил во Русија, откако сириските бунтовници го симнаа од претседателската функција на 8 декември и го зазедоа главниот град на Сирија, Дамаск.