Која е таа што е родена за пејачот Боби Спасенцовски?

699

Боби Спасенцовски е долгокосиот македонски фолкер, па многумина со право или не, го споредуваат со српскиот фолкер Аца Лукас. Дали навистина имаат нешто заедничко, просудете сами, па додека просудувате, овој наш познат пејач на сите ни направи изненадување. Боби се најде и во поп водите, со забавната песна. Неодамна ја промовираше својата нова музичка надеж со видеоспотот кои се насловени како  „Ти родена си за мене“.

Се работи за убава забавна песна која нема никакви допирни точки со фолкот – тоа што досега Боби го работеше и пееше. Ако повнимателно го проанализирате насловот на песната ќе дојдете до сознание дека песната е наменета за некоја негова сакана личност, па од тие причини Боби вели:Убаво е чувството кога подаруваш песна на тој што го сакаш….!!!  Д.М.